Гостивар
Изградбата на делницата Тетово-Гостивар-Букојчани ќе почне август/септември

Владата на денешната 55-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за одржаната втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп – Битола) на којашто е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.
Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп – Битола).
„Почетокот на работите на овие автопатни правци е предвиден за август и септември оваа година.“, соопшти владината служба.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја