Гостивар
Изграден нов бетонски канал кон ХЕЦ Врбен на местото на стариот кој се урна во свлечиште

Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември. Како што соопшти АД ЕСМ, низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика. Завршени се и земјените работи околу поставување на цевките за пропусти од пристапните патишта до каналот, така што санацијата на хаваријата на доводот Горна Радика е успешна и истата е завршена пред планираниот рок од 30 дена, стои во соопштението.
На интервенцијата и претходеа итна постапка со дозвола на Бирото за јавни набавки за избор на изведувач на работите, градежна фирма која по првичните подготовки веднаш почна да работи на терен.
Во зафатот за санирање на настанатото оштетување се изгради нов бетонски канал во должина од 29 метри. Градежните работи со тешка механизација се одвиваа на 1500м надморска висина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето.
Хидроелектраната Врбен во текот на целиот изминат период беше функционална, но со намален капацитет за производство поради намалениот доток, но сега е вратена на претходната инсталирана моќ.
Водите кои се собираа по системот на подземни канали, но не можеа да стигнат до електраната, се испуштаа во реката Радика и потоа во акумулацијата Шпилје, каде се искористуваа во тамошната хидроелектрана.
Инаку, лизгањето на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во `50-те години на минатиот век, при пробивањето на тунелите и при градењето на мрежата за собирање на водите од планинскиот масив на Кораб и Горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово, од кои првата е пуштена во употреба во 1957г
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение