Поврзи се со нас

Гостивар

Изградени се околу 25% од новиот систем за наводнување Равен-Речица

Објавено

на

Една година од почетокот на изградбата на системот за наводнување Равен-Речица, завршени се околу 25% од проектот. Увид во градежните работи, близу врапчишкото село Топлица, денес извршија министерот без ресор Хисен Џемаили, државниот секретар на Министерството за земјоделство, Нефрус Челику и директорот на водостопанство, Славе Арсовски.

„Системот опфаќа над 3.300 хектари земјоделска површина во полошко. Се работи за нов, модерен, затворен систем за наводнување, и ова е навистина еден крупен проект од кој придобивки ќе имаат сите жители кои се занимаваат со земјоделие од целиот полошки регион“, рече Челику.

Надлежните рекоа дека се задоволни од текот на работите, иако на гостиварската територија се соочиле со потешкотии околу експропријација на земјиште.

„Веруваме дека проектот ќе се заврши навреме, иако многу зависи од временските услови. Се соочивме со некои помали проблеми со експропријацијата, иако од наша страна целокупно е завршена целата постапка, во тетовскиот дел експропријацијата се одвива нормално, во гостиварскиот имаме мали потешкотии, но верувам дека ќе се надминат.“, изјави Арсовски.

Денешниот увид во работите беше дел од низата активности на Владата во полошкиот регион, кои претходат на одржувањето на владина седница во Тетово.

„Целта е да бидеме што поблиску до граѓаните, да ги видиме проектите што се во тек на реализација, како и да го слушнеме нивното мислење околу тоа што перспективно може да се направи во секој регион“, изјава министерот Џемаили.

Со системот за наводнување Равен-Речица ќе се наводнува земјоделската површина што се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина. Предвидено е да биде опфатена и дополнителна површина од 300 хектари, која се наоѓа под автопатот, во атарот на Горно Седларце.

Проектот треба да се заокружи во период од 5 години.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 4 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 12 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 13 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 14 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 15 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 16 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена