Поврзи се со нас

Култура

Излезе од печат поетската збирка „Литературни искри“ 2019 Гостивар

Објавено

на

Една недела пред шестото издание на Интернационалниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, од печат излезе заедничката збирка на песни од автори, учесници на конкурсот, по избор на жири комисијата. Од над 160 пријавени поети од Македонија и од балканските земји, место во збирката обезбедија 46.

„Како дел од годинашново жири на Фестивалот, неизмерно сум благодарна за безграничната доверба што ми беше укажана да можам да ѕирнам во интимниот свет на творците и да се нурнам во тоа море од поезија. Во него има и мирни води и длабоки, подмолни струи; и ведри бои, но и темни, неистражени места што плашат со својата таинственост; и разлулеани треви на бистрото дно меѓу кои безгрижно пловат проѕирни риби, но и црни бури што ја брануваат неговата површина… Поетот знае дека, каде и да сме, својот немир го носиме во себе. Не можеме да избегаме од својата болка. Треба да смогнеме сили да ја облагородиме со својата поетска искра, да ѝ вдахнеме надеж. „Кога не видов надеж, / најмногу се надевав“, пее една од нашите поетеси. Штом сме осуденици и вљубеници во поезијата, дури и не е пожелно да избегаме од тагата и безнадежноста – зашто какви поети би биле ако пееме само за радоста? Освен тоа, секој што веќе се испробал во пишувањето знае дека најдобрите, најдоживеаните стихови се испеани кога сме се дружеле со болката, кога таа нѐ допрела со своето слатко-горчливо осило во срцето и го раскрвавило, а секоја капка крв капнала како стих создавајќи ја песната.“, пишува во својот осврт во Збирката, Виолета Танчева- Златева, претседател на Жири комисијата.

„Горди сме што успеавме низ страниците на оваа збирка поезија да споиме различни поетски изрази, сензибилитет, теми и мотиви, и автори од сите генерации. Особено не` радува таа разноликост и поетска разиграност. Поезијата навистина може се`! Искрено се надеваме дека песните во оваа поетска збирка ќе приредат  уживање и оддишка од секојдневието за секој читател.“, се вели во воведниот дел од книгата.

Збирката, освен стихови и освртот од претседателот на жири комисијата Танчева-Златева содржи и реферат за Светите браќа Кирил и Методиј, во чија чест се организира фестивалот, напишан од професорката по македонски јазик Габриела Петроска.

„Солунските браќа Кирил и Методиј имаат значајно и единствено историско-културолошко и исклучително просветителско значење за Европа, светот и Македонија, изразено преку нивните просветителски мисии како поттик на значаен цивилизациски развој. Нема место што не е осветлено од нивните стапки и ниедна итрина не се сокрила од нивната блажена душа, оти на сиот словенски народ скриените тајни преку формата на зборовите им ги открија. Разумно толкувајќи ги – на едни со писмо, на други со поука.“, наведува Петроска.

МПФ „Литературни искри“ 2019, ќе се одржи на 24 мај во Центарот за култура „АСНОМ“ во  Гостивар, со почеток во 12 часот. Фестивалот го организира Здружението „Слово 21“ од Гостивар

Нашиот портал Gostivarpress.mk како медиумски поддржувач на фестивалот продолжува да информира околу текот на подготовките и самиот настан.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена