Култура
Излезе од печат поетската збирка „Литературни искри“ 2019 Гостивар
Една недела пред шестото издание на Интернационалниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, од печат излезе заедничката збирка на песни од автори, учесници на конкурсот, по избор на жири комисијата. Од над 160 пријавени поети од Македонија и од балканските земји, место во збирката обезбедија 46.
„Како дел од годинашново жири на Фестивалот, неизмерно сум благодарна за безграничната доверба што ми беше укажана да можам да ѕирнам во интимниот свет на творците и да се нурнам во тоа море од поезија. Во него има и мирни води и длабоки, подмолни струи; и ведри бои, но и темни, неистражени места што плашат со својата таинственост; и разлулеани треви на бистрото дно меѓу кои безгрижно пловат проѕирни риби, но и црни бури што ја брануваат неговата површина… Поетот знае дека, каде и да сме, својот немир го носиме во себе. Не можеме да избегаме од својата болка. Треба да смогнеме сили да ја облагородиме со својата поетска искра, да ѝ вдахнеме надеж. „Кога не видов надеж, / најмногу се надевав“, пее една од нашите поетеси. Штом сме осуденици и вљубеници во поезијата, дури и не е пожелно да избегаме од тагата и безнадежноста – зашто какви поети би биле ако пееме само за радоста? Освен тоа, секој што веќе се испробал во пишувањето знае дека најдобрите, најдоживеаните стихови се испеани кога сме се дружеле со болката, кога таа нѐ допрела со своето слатко-горчливо осило во срцето и го раскрвавило, а секоја капка крв капнала како стих создавајќи ја песната.“, пишува во својот осврт во Збирката, Виолета Танчева- Златева, претседател на Жири комисијата.
„Горди сме што успеавме низ страниците на оваа збирка поезија да споиме различни поетски изрази, сензибилитет, теми и мотиви, и автори од сите генерации. Особено не` радува таа разноликост и поетска разиграност. Поезијата навистина може се`! Искрено се надеваме дека песните во оваа поетска збирка ќе приредат уживање и оддишка од секојдневието за секој читател.“, се вели во воведниот дел од книгата.
Збирката, освен стихови и освртот од претседателот на жири комисијата Танчева-Златева содржи и реферат за Светите браќа Кирил и Методиј, во чија чест се организира фестивалот, напишан од професорката по македонски јазик Габриела Петроска.
„Солунските браќа Кирил и Методиј имаат значајно и единствено историско-културолошко и исклучително просветителско значење за Европа, светот и Македонија, изразено преку нивните просветителски мисии како поттик на значаен цивилизациски развој. Нема место што не е осветлено од нивните стапки и ниедна итрина не се сокрила од нивната блажена душа, оти на сиот словенски народ скриените тајни преку формата на зборовите им ги открија. Разумно толкувајќи ги – на едни со писмо, на други со поука.“, наведува Петроска.
МПФ „Литературни искри“ 2019, ќе се одржи на 24 мај во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, со почеток во 12 часот. Фестивалот го организира Здружението „Слово 21“ од Гостивар
Нашиот портал Gostivarpress.mk како медиумски поддржувач на фестивалот продолжува да информира околу текот на подготовките и самиот настан.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар