Култура
Излезе од печат шестата книга на гостиварецот Дејан Крстески – „Утрото по крајот на светот“

Гостиварецот Дејан Крстески додава уште едно дело во својот книжевен опус. Денес од печат излезе неговата најнова книга, збирка поезија насловена „Утрото по крајот на светот“, со 45 песни кои обединуваат едно пошироко тематско шаренило.
„Сакам секоја нова книга да биде подобра од претходната, па поради тоа имав голема обврска да го оправдам својот творечки континуитет. Новото поглавје во моето творештво го нареков „Утрото по крајот на светот“ и со нетрпение чекам да ви покажам што крие ова ново ‘утро’ за сите заедно да го вратиме приматот на поезијата и да го оправдаме нејзиниот назив – круна во литературата.“, вели авторот за издавањето на својата шеста книга.
Во рецензијата за збирката, Мр. Ирена Павлова Де Одорико меѓу другото наведува:
„Во поезијата на Крстески, постои една константа на исповед, на еден пригушен крик среде егзистенцијалниот вакуум. Тој е како воскреснатиот Лазар, кој ги лечи раните со бескомпромисното именување на падот на векот и светот. Но, на терезијата како противтежа ја додава љубовта. Лирското меѓу две острења на ножот во неговите песни…Песните од оваа книга, исцртуваат маркантен профил на меланхолијата, потцртана со флуоресцентни бои. Заради сево ова, песните од оваа книга, ќе заведат токму со чистото срце на поетот. Неговата исповед одново и одново ќе ја воскреснува душата на секој оној, што ќе ги ,,допре” овие песни. Зашто, сигурно знам, дека и тие ќе го допрат, среде размена на сетилата, секој буден читател со суптилен увид и респект во автентичното и успешно сликање на емотивните тунели, како што тоа го прави нашиот поет Дејан Крстески… “
ДЕЈАН КРСТЕСКИ дебитира на книжевната сцена со збирката раскази Поглед кон небото (2014). Збирката поезија Луѓе без лице (2015) е негово второ дело, со кое ја освојува наградата „Книжевен светилник“. По нив следуваат збирката раскази Чист хероин (2018) и збирката поезија Херои од хартија (2019). Романот Атласот на тајните (2021) е негово петто остварување.
Добитник е на бројни литературни награди и признанија, меѓу кои наградата за една од најчитаните книги во 2017 година од страна на Македоника и УНЕСКО за збирката Луѓе без лице. Песната Последната книга беше избрана за една од најуспешните творби по повод „Ден на читателот“ од страна на НУБ „Св. Климент Охридски“ – 2017. Тој е еден од финалистите на меѓународниот фестивал Литературни искри – 2019. На интернационалниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата 2020“ освоил прво место. Романот Атласот на тајните беше прогласен за еден од најдобрите дваесет романи на конкурсот за роман на годината „Славко Јаневски“ – 2022.
Книгата наскоро ќе биде промовирана пред читателската публика.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден