Вести
Излезноста на референдумите во источна Украина над 50% во сите четири области
Во источна Украина во областите кои се под руска контрола денеска е четврти ден од референдумите за присоединување кон Русија.
Според тамошните медиуми излезноста до 25 септември во сите четири области е над 50%.
Најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто.
Луганската Народна Република (ЛНР) бележи излезност од 76,09%. Во Запорожје 51,55%, а во Херсонската област до вчера се изјасниле 51,05 од граѓаните.
Референдумот за присоединување кон Русија на овие четири области започна во петокот и завршува ноќеска на полноќ.
Руските сили воглавно ја имаат контролата врз четири украински региони, што чинат околу околу 15 отсто од територијата на Украина, површина приближно колку Португалија. Полуостровот Крим анектиран во 2014 година е со големина на Белгија.
Рускиот парламент би можел да ја формализира анексијата на украинските региони во текот на наредните неколку дена.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија