Поврзи се со нас

Култура

Изложба и комедија на кавадарчани во Гостивар

Објавено

на

Дела од ликовната колонија „Михајлово 2016“ на Домот на културата од Кавадарци, синоќа беа изложени пред гостиварци. Љубителите на уметноста имаа можност да видат дваесетина слики создадени од уметници учесници на колонијата од повеќе земји: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија и други.

Изложбата се реализираше како резултат на соработката меѓу Центарот за култура АСНОМ во Гостивар и кавадаречката културна установа.

„Ликовната колонија во Кавадарци опстојува повеќе од 20 години и низ неа продефилирале над 600 уметници. Лани беа создадени околу 120 уметнички дела од кои дваесетина донесовме овде, во Гостивар. Искрено може да кажам дека во вашиот град се чувствуваме како дома и секогаш со задоволство ја прифаќаме поканата да гостуваме со наши активности“, рече Владимир Темков, директор на Домот на културата од Кавадарци.

Задоволство од плодната соработка меѓу двете установи изрази и директорот на гостиварскиот Центар за култура, Луан Зенки. На свеченото отворање кусо се обрати и претседателот на друштвото на ликовни уметници од Гостивар, Драудакум, професорот Решат Амети, кој подвлече дека и во иднина ќе продолжат да се организираат вакви настани.

Освен со изложба на ликовни дела, кавадарчани во Гостивар се претставија и со театарска претстава – комедијата „Стјуардеси“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена