Култура
Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

Културното наследство е богатство кое сведочи за животот, вредностите и традициите на минатите генерации, поради што треба да се познава, почитува и чува. Во таа насока, денес кај Саат кулата, симболот на Гостивар, поставена е изложба на фотографии со објекти од културно наследство и археолошки локалитети.
Настанот го организира гостиварскиот Конзерваторски центар, по повод Меѓународниот ден на културното наследство, 18 април.
„Изложени се околу 50 фотографии на стари објекти во Гостивар, што се под наша заштита. На некои од нив вршена е реконструкција и реставрација, а на другите сме во тек. Исто така, поставени се и фотографии од археолошки локалитети: Ѓоновичко кале и калето во Равен. Сметаме дека е важно граѓаните, а особено младите да го запознаат културното наследство на својот крај и да го чуваат како вредност пренесена низ генерациите.“, изјави директорот на Конзерваторски центар Гостивар, Цветко Новаковски.
Ученици од гостиварските училишта со своите наставници и професори организирано ја посетуваат изложбата, ги разгледуваат фотографиите, поставуваат прашања за она што ги интересира во врска со објектите, а имаат можност и да влезат во Саат Кулата и да се искачат до погорните делови.
На посетителите им се делат и брошури со информативно-едукативна содржина за културното наследство на рагионот. Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Инаку, Конзерваторскиот центар актуелно работи на ископувања на Ѓоновичко кале, а во план се работи и на калето во Равен. Во програмата годинава предвидена е и реконструкција и реставрација на старата џамија во Равен и елаборати за заштита на две куќи од стар тип во Вруток, како и реставрација на мозаикот во хидроцентралата наречен „Човекот и светлината“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог