Гостивар
Во петок во Гостивар изложба на професорката Елизабета Наумческа

Во петок навечер (15 март) во галерискиот простор на Центарот за култура „АСНОМ„ во Гостивар ќе биде отворена изложбата на слики од гостиварката Елизабета Наумческа.
Изложбата содржи 24 дела, работени во акрил и маслени бои на платно и картон.
„Сликите се работени во два циклуса – мртва природа и портрети. Тоа што ги поврзува двата циклуса се елементи на фолклорот и метални декорации низ делата“, вели авторката.
Свеченото отворање е закажано во 19 часот.
Елизабета Наумческа е родена 1973 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Остварила две самостојни изложби и учесник е на повеќе колективни изложувања во земјава и странство. Работи како ликовен педагог во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024