Гостивар
Измамничка од граѓани на Гостивар зела 18.500 евра ветувајќи им визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, измамничка која лажно нудела работни визи за Германија, за продолжено кривично дело „измама“ согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РСМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар.
„Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист. На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земела парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор, по што со решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение