Поврзи се со нас

Македонија

Измамници испраќаат лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ

Објавено

на

Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на  Бирото за јавна безбедност (БЈБ), бидејќи станува збор за обид за измама во меѓународни рамки.

„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци“, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Оттаму посочуваат дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама. Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Мозочната магла и анксиозноста – зошто се случува и како да се справиме со неа?

Гостиварпред 13 часа

Гостивар во спомен на 16-те загинати во несреќата од 13 февруари 2019

Гостиварпред 14 часа

Гостиварец лишен од слобода заради малтретирање и запуштање на своите малолетни деца

Гостиварпред 15 часа

Семејствата на жртвите во несреќата кај Ласкарци огорчени: Правдата не е задоволена, системот потфрли!

Спортпред 15 часа

Кошаркарите на Гостивар први полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Гостиварпред 16 часа

Жена касната од куче скитник во Гостивар

Спортпред 19 часа

Во Гевгелија започнува кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Светпред 20 часа

Кремљ потврди: Путин и Трамп разговараа, американскиот претседател поканет во Москва

Гостиварпред 21 час

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци-Непребол за 16 изгубени човечки животи

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена