Поврзи се со нас

Гостивар

Измени во буџетот на Гостивар поради платите на наставниците од основните училишта

Објавено

на

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беше изгласана одлука за донесување на Планот за регионално управување со отпадот, кој се однесува на менаџирањето со депонијата Русино. Беше усвоена и прераспределба на пари во буџетот. Како што појаснија од Секторот за финансии измените се за искористување на вишок средства од плати и надоместоци за капитални трошоци, како и за обезбедување на плати за наставниците во основните училишта.

„Имавме два поводи за донесување на прераспределба на средства. Првиот, општината ги подмири платите за ноември и останаа средства за капитални трошоци. Сите средства што се останати од програмите за плати и надоместоци ги носиме во програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта. Што се однесува до втората измена, таа се прави во дотациите поради недостиг на средства за плати на вработените во основните училишта, а вишок на средства кај средните училишта. Тоа значи дека средствата ќе се префрлат од средните за основните уичилишта“, изјави Садри Елези од општинскиот Сектор за финансии и буџет.

Сумата што се префрла од дотациите за средните во основните училишта е 1,5 милиони денари. Во делот на измените за капитални инвестиции се работи за вкупен износ од околу 4 милиони денари.

Од Секторот за финансии нагласија дека техничките подготовки за прераспределбата на парите потребни за платите на наставниците ќе се извршат итно, за да се избегне доцнење во исплатата.

Следната седница на Советот на Општина Гостивар е закажана за 25 декември, кога треба да се расправа за буџетот за 2021-ва година.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена