Македонија
Изминатото деноноќие 1861 заразени во земјава, во Гостивар 45 нови случаи

Нови позитивни на КОВИД-19 во изминатите 24 часа има 1861 од 5446 тестови, оздравени се 7273, а починале 22 пациенти, најмладиот на 22 години. Пријавени се и уште пет починати лица, најмладиот на 39 години, со датум на смрт од 17 до 25 јануари, соопшти Министерството за здравство.
Половина од новите случаи се во Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка по 16, Валандово – 15 новозаразени, Делчево – 11, Богданци – девет, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево по пет, Берово, Дебар и Македонски Брод по четири Пробиштип и Демир Хисар по тројца, Кратово и Крушево – по двајца и Дојран – еден нов случај.
Од вкупниот број позитивни (1861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: девет од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по тројца починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 263 206 од направени вкупно 1 767 491 тестирања на КОВИД-19. Бројот на оздравени пациенти е 238 452, на починати 8312, а активни случаи има 16 442.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја