По смарт телефоните, телевизорите и часовниците, на ред да се „опамети“ стигна и облеката. Иноваторите велат дека дојде време, кога онлајн светот не може да се оддели од офлајн светот, а луѓето треба да бидат подготвени за полесно да се прилагодуваат на тековите кои ги налага технолошкиот развој. Дали е навистина така, или сепак со некои работи се оди до бизарност, ваше е да одлучите!
Да се вратиме на паметната облека. Истражувачи од Сингапур тврдат дека измислиле „паметна облека“, која може да ги зголеми сигналите и да заштеди батерија на безжичните уреди, како паметните часовници и слушалките. Изумот го нарекле „метаматеријал“, а функционира на начин што им овозможува на радио брановите (Bluetooth, Wi-Fi) да се преливаат низ облеката помеѓу уредите кои ги носи човекот, наместо да зрачат во сите насоки.
Ова значи дека сензорите и преносливите уреди како „ејпл“ часовниците и безжичните слушалки „ерпод“ можат да воспостават посилна и побрза врска, како и да заштедат енергија, велат научниците од Националниот универзитет во Сингапур.
Еден од истражувачите Џон Хо, изјавил дека блуза направена од „метаматеријал“ ја зголемува брзината на поврзувањето на уредите со Wi-Fi до 1.000 пати. Според него, оваа технологија може да се користи за мерење на виталните знаци на спортисти или пациенти. Исто така, може да ги „задржи“ сигналите посигурни, со пренесување на чувствителни информации близу до телото и подалеку од потенцијални прислушувачи на радио брановите, велат научниците.
Тимот од Сингапур доби привремен патент за материјалот, кој може да се пере, суши и пегла како нормална облека и чини само неколку долари од метар.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK