Македонија
Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, уверува министерот за финансии

Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно од средствата на централниот трезор, а понатаму ќе се изврши порамнување со Фондот.
-Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот, нагласи Бесими.
На прашањето дали има доволно средства за исплата на платите на здравствениот сектор, министерот Бесими истакна дека буџетот е ликвиден, како и дека приходите во буџетот од почетокот на годината заклучно со средината на февруари се повисоки за 10 отсто во однос на истиот период лани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава