Гостивар
Изнапишани казни од вкупно 1.160 евра за неносење маски во Гостивар
Полицијата продолжува со секојдневни контроли насочени кон почитувањето на мерките за заштита од Ковид 19. Како што информираат од СВР Тетово, изминатото деноноќие за неносење заштитни маски биле изготвени прекршочни платни налози на вкупно 159 лица, од кои во Тетово 101, а во Гостивар 58. Казните за физички лица за неносење маски се во висина од 20 евра, што значи дека вкупната сума напишани казни за последните 24 часа, достигнува 1.160 евра.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 42 лицa (Тетово-40 и Гостивар-2), додека вкупно биле контролирани 715 (Tетово-525 и Гостивар-190) лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 3 лица, од кои 2 во Гостивар и 1 во Тетово, а контролирани биле 138 лица (Тетово-100 и Гостивар-38 ) со потпишани изјави за самоизолација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград