Македонија
Изолацијата поради Ковид ќе се укинува автоматски, без контролни тестови
Наместо со два контролни негативни теста, како досега, граѓаните од изолација ќе излегуваат автоматски по одреден период, зависно од тоа дали развиле симптоми или не. Оние кои биле асимптоматски случаи ќе бидат ослободени од решенијата за изолација по 10 дена, а лицата со симптоми по 20 дена. Министерот за здравство, Венко Филипче за ваквите измени во протоколот рече дека се темелат на истражувања од повеќе релевантни институции.
„Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болестите. МАНУ направи анализи на над 10 илјади тестирања. Досегашните сознанија покажуваат дека независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус што е доволно силен да предизвика зараза, по 10 дена кај асимптоматските, а по 20 дена кај оние што развиле симптоми. Оттаму, по овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација, без контролни тестирања“, рече Филипче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија