Македонија
Изработено упатство за наставници за опасните предизвици на ТикТок кои учениците ги прифаќаат

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски попладнево изјави дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, можноста за нешто такво на надлежните „им стои на располагање“. Тој на прес-конференција беше прашан дали поради опасните предизвици на „Тикток“, се размислува за рестрикции по училиштата.
Андоновски рече дека веќе е изработено упатство што било споделено со Педагошката служба од Министерството за образование и наука. Имало неколку средби со претставници на Министерството.
– Ова упатство ќе биде насочено кон сите наставници во сите училишта, основни и средни, да поразговараат со децата, со учениците за предизвикот што се случува со социјалните медиуми, затоа што ова се алатки со неограничени можности. Но, за жал, никој од нас никогаш не бил обучен како правилно да ги користи. Тука започнавме со упатството, истото ќе го објавиме и на нашата веб-страница, ако не е веќе објавено. Има и код што води до корисни веб-страници или алатки, што родителите можат да ги користат за да им го ограничат пристапот на секое од децата. Што значи ако може да ограничат во семејството конкретни веб-страници или апликации, да не можат да се симнуваат или да се употребуваат. Сметавме дека ова треба да биде првиот чекор, појасни министерот.
Вториот чекор, како што истакна, е центар за побезбеден интернет што дополнително ќе дава ресурси и помош на овие деца. Тој очекува да се формира до крајот на годината, нагласувајќи оти се работи на физибилити студија со партнерите.
– Третата можност што ни стои на располање – целосна забрана на овие апликации. Кажав дека сум против нарушување на нет неутралноста и заземање страна во поглед на забранување аплкации. Затоа што ако забраните една апликација, голема веројатност е децата да се префрлат на некоја втора, а државата не смее да биде таа што постојано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството. Но, ако забележиме дека овие мерки што сега ги преземаме не се доволни, секако можеме да го задржиме правото со одредени измени во Законот за електронски комуникации да преземеме и вакви мерки, одговори Андоновски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос