Спорт
Израел денеска прв противник на македонските кошаркари во олимписките претквалификации

Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва против Израел во естонската престолнина Талин го почнува настапот на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри 2024.
Натпреварот е закажан со почеток во 18. часот во Арената „Тондираба“ во која утре во истиот термин македонските кошаркари ќе играат против домаќинот Естонија.
По ден пауза, во вторник од 16. часот, „црвено-жолтите“ ќе играат против репрезентацијата на Чешка.
Македонските кошаркари во Талин ќе се обидат да се пласираат меѓу првите две позиции кои носат место во полуфиналната фаза, во која вкрстуваат со двете најдобри селекции од групата во Гљивице во која се Полска, БиХ, Унгарија и Португалија.
Пласман во квалификациите за ОИ 2024 во Париз ќе обезбеди само најдобрата од овие осум репрезентации, кои се дел од европската зона.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден