Поврзи се со нас

Македонија

Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во администрацијата

Објавено

на

Управувањето со јавните служби и човечките ресурси останува недоволно, а одговорноста на администрацијата треба да се подобри,  исто како и управувањето со јавните финансии и услугите за граѓаните и бизнисот, се дел од оценките изнесени од Европската комисија во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024 година.

  • Политизацијата во јавниот сектор континуирано ја поткопува доследната примена на одредбите за заслуги и транспарентни процеси и дополнително ја намалува довербата во администрацијата и нејзината работа. Промената на владејачките структури по Парламентарните избори во мај 2024 година не донесе никакви подобрувања во овој поглед бидејќи беа сменети голем број средни раководни кадри, а многумина беа деградирани, стои во Извештајот.

Се забележува и дека се уште не се усвоени долгоочекуваните ревидирани закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор со кои треба да има ангажман и унапредување на кадрите според заслуги.

Комисијата забалежува дека не се применуваат соодветно бројните измени на законите за јавниот сектор што беа донесени во 2014 година и оти и покрај постоењето на правила за спроведување на оценувањето на успешноста, тоа не се врши систематски или соодветно за целта.

  • Транспарентноста по основите за отпуштање на државните службеници е недоволна, а не се даваат податоци за отпуштања и на раководни и на нераководни кадри. Сè уште не е обезбедено соодветно следење на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата за подобрување на процедурите за вработување. Администрацијата се соочува со сериозни предизвици за привлекување и задржување на квалификуван обучен кадар. Спорадичните иницијативи за зголемување на платите во некои министерства или тела ја зголемија фрагментацијата на системот на наградување, а во некои случаи беа оспорени од Уставниот суд, наведува ЕК.

Упатува забелешки и дека постојаните промени на персоналот кој работи на управувањето и спроведувањето на фондовите на ЕУ ја поткопува ефективноста на овие мерки.  Исто така се забележува и дека многу високи позиции продолжуваат да се пополнуваат со вршители на должност.

-Голем број носители на раководни места беа сменети пред истекот на нивниот мандат и заменети со вршители на должност по Парламентарните избори во мај 2024 година. Бројот на привремени вработувања и вработувања со договор за услуги и понатаму е висок, без воспоставен систем за следење на нивниот ефективен број и времетраење на ниво на сите институции. Повеќето институции сега користат информациски системи за управување со човечки ресурси. Според извештаите на државниот ревизор, одреден број вработени во јавните служби добиваат плата и покрај тоа што немаат формална задача и не мораат да се појават на работа. Министерството за политички систем и односи продолжи да регрутира персонал и планира да ги распореди новите регрути во различни институции, се наведува во Извештајот на ЕК.

Меѓу останатото, се споделува и дека законодавството за укажувачи е задоволително и оти немало достапни информации за заштитата на свиркачите во 2023 година.

Како што стои во Извештајот, стратешката рамка за јавната администрација е поставена, квалитетот на Стратегијата за реформа на јавната администрација (РЈА) е генерално задоволителен, додека нејзината ефикасност е многу ограничена поради многу бавната имплементација.

Според ЕК, квалитетот и обемот на стратегијата се соодветни и таа ги покрива сите клучни реформски области, поставува јасна основа и цели и ги идентификува предизвиците на политиките. Сепак, укажува ЕК, политичката поддршка, менаџирањето, надзорот и управувањето со реформите на јавната администрација од страна на Владата беа недоволни, што дополнително беше поткопано од слабата координација меѓу Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Министерството за финансии, како и честите промени на раководството на МИОА.

-Новото Министерство за администрација (МА), формирано по реорганизацијата на МИОА на почетокот на јули годинава, продолжува да нема доволно човечки ресурси и поддршка за да ги поттикне реформите на техничко ниво. Структурите за следење и управување не функционираат целосно и ефективно.

Потребни се, укажува ЕК, дополнителни напори за разјаснување на одговорностите на институциите за креирање политики, за да се обезбеди нивно правилно функционирање, вклучително и зајакнување на улогата на Генералниот секретаријат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена