Поврзи се со нас

Вести

Извлечени двојките за првото коло од 2 МФЛ: ФК Гостивар дома со Охрид, ФК Вардар Форино на гости со Дрита

Објавено

на

Со ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија беше одреден распоредот на натпревари за Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2020/2021, која започнува на 22 август.

Втората лига како и години наназад е поделена на Исток и Запад, во која по 10 екипи од двете лиги ќе борат за првото место кое води директно во Првата лига и втората позиција која води во бараж.

Тетекс, ФК Гостивар, Лабуништа, Вардар Форино, Велзерими 77, ФК Дрита, Кораб, Охрид-Лихнидос, ФК Скопје и екипата на Велешта која е новајлија во лигата се екипите кои ќе се натпреваруваат во Втора МФЛ – Запад.

Двата гостиварски претставници кои ќе настапуваат во оваа лига, ги добија своите противници со кои ќе се сретнат на отварањето на сезоната. ФК Гостивар во првото коло го пречекува тимот на Охрид-Лихнидос, додека Вардар од Форино му гостува на екипата на Дрита во Боговиње.

Во Втората Македонска фудбалска лига – Исток ќе се натпреваруваат екипите на: ФК Победа, Кит-Го, САСА Каменица, Брегалница, Плачковица, ФК Тиквеш, Кожув, Осогово и екипите на ФК Росоман и Слога Виница кои се пласираа од третата лига.

Целосниот распоред за Втора МФЛ – Запад може да го погледнете ТУКА, распоредеот на Втора МФЛ – Исток, ТУКА.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена