Поврзи се со нас

Македонија

Извозот на цвет од канабис значи нови инвестиции и работни места со високи плати, вели Заев

Објавено

на

НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис за медицински цели. Премиерот Зоран Заев најави дека се планира од дополнителните давачки од профитот да се основаат неколку фондови.

„Владата и надлежните институции, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства даваат поддршка, со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Имаме намера да основаме неколку фондови од дополнителните даноци што оваа индустрија ќе ги плаќа кон државата и со тоа кон граѓаните како резултат на профитот од извозот на цветот од медицински канабис. Од нивните давачки кон државата ќе ги поддржиме лекувањата на лицата со ретки болести, ќе основаме медиумски фонд за продукција на домашни содржини, како и проекти од областа на културата, спортот и проекти на граѓанскиот сектор, но и работата на Агенцијата за канабис.“, најави Заев.

Прмиерот очекува нови инвестици и вработувања.

„Од економски аспект, извозот на цвет од канабис за медицински цели значи и нови инвестиции, развој и стимулира отворање нови високоплатени работни места. Да бидеме пред останатите во регионот, да ги следиме современите текови и економските преструктуирања, бидејќи одредени индустрии, може и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да помогнат.Во таа смисла, ја поздравувам и поддржувам и работата на работната група за декриминализација на канабисот координирана од Владата и верувам дека низ инклузивен процес ќе се дефинираат најдобрите решенија за користење на медицинските и економските бенефити од билката канабис.“, наведува тој.

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 минута

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 минути

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 минути

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена