Поврзи се со нас

Македонија

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Објавено

на

    За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во МВР, посочи дека се вршат претреси и сослушувања и дека клучното коешто го превземаат како дејствие „е утврдување на конкретни дејстивја на вината без оглед дали станува збор за сторување или за несторување“.

    Претреси, рече Тошковски, извршени се на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција, а денеска извршени се претреси и на службени простории кои се користат од државен советник во рамки на Министерство за економија. Претреси, исто така, извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде, како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

    Досега, на 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“.

    Тошковски, исто така, информира дека последното задржано лице се терети за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.

    – Постојат основи, кои што, одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, кои што биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре, изјави Тошковски.

    Прашан дали началникот на СВР Кочани бил меѓу лицата повикани на распит за случајот, Тошковски рече дека ниту тој, ниту началникот на ОВР Кочани ниту началникот на СВР Штип не се дел од лицата коишто биле предмет на распит.

    – А да, точно е дека во рамки на МВР Одделот за внатрешна контрола врши темелна анализа на фактичката состојба која што е поврзана со кривично правниот настан и очекувајте во текот на наредните денови да ги споделиме сите поврзани информации со она коешто ќе биде утврдено од страна на Одделот за внатрешна контрола, изјави Тошковски.

    Полицијата, нагласи Тошковски, вечерта постапувала по изготвен претходен план за контрола во врска со недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници, а таква акција истата вечер имале и СВР Скопје, СВР Охрид и други СВР.

    Прашан колку полицајци се опфатени со истрагата во внатрешна контрола на МВР и ЈО за гонење на органзииран криминал – Одделението специјализирано за полициски службенци, Тошковски рече дека работат координирано и во текот на наредните денови ќе информираат какви конкретни чекори ќе бидат преземени и против колку лица ќе биде утврдено одговорност ако биде утврдена одговорност.

    Во врска со агенцијата за обезбедување на дискотеката, Тошковски рече дека во овој момент согласно информациите коишто ги има и оние коишто може да ги сподели со јавноста, постојат основи на сомнение дека управителот на подружницата заедно со дел од ангажираните лица имаат сторени одредени незаконитости коишто ќе бидат предмет на кривична постапка, поврзани со кривично правниот настан.

    Прашан за кои дела се сомничи порашениот директор на Агенцијата за заштита и спасување, Беким Максути, Тошковски рече дека се проверуваат основи на сомнение за конкретни незаконитости при работењето на дел од директорите коишто да речеме дека имале одредени законски надлежности да преземат одредени дејствија во насока на констатирање на фактичка состојба поврзана со опасност од пожари.

    – Од она коешто сум информиран досега, за лицето коешто напоменавте е изречен 48 часовен притвор. Работиме во соработка со ЈО, собираме докази, кога ќе дојде време ќе ве информираме конкретно за детали, изјави Тошковски.

    Во однос на пиротехниката што се користела и дали се знае индивидуалната одговорност, Тошковски рече дека тоа ќе се утврди во текот на постапката.

    Прашан дали и други поранешни градоначалници на општина Кочани биле повикани на разговор, Тошковски рече дека не може да одговори.

    –  Не би можел да одговорам на ова прашање, можеби се, можеби не се, не сум запознаен со тоа. И директорот на БЈБ и добар дел од структирите во рамки на МВР кои што се занимаваат со истраги моментално се во Кочани, така да, можеби доколку се утврдени одредени факти кои што треба да се расчистат, можеби и да се повикани, но ниту можам да потврдам, ниту да негирам, рече Тошковски.

    Прашан за што се гонат екс министерот за економија и екс директорот на ДПИ – дали за сторување или за пропуштање да се направи нешто што е во нивна надлежност, Тошковски рече „за едниот со сигурност и за двете, за другиот не би можел да одговорам во оваа фаза на истрагата“.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Културапред 2 часа

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Занимливостипред 3 часа

    Бумери и Gen Z -две генерации, два света

    Гостиварпред 5 часа

    Засилени контроли во Гостивар: Санкционирани 61 прекршок за еден ден

    Македонијапред 7 часа

    Почина 24 годишно момче, пожарот во Кочани ја зеде шеесет и втората жртва

    Гостиварпред 9 часа

    Средба на полицијата и црковните лица во Гостивар во пресрет на Велигден

    Културапред 10 часа

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Македонијапред 10 часа

    Аптеките да не мора да ги објавуваат цените онлајн, бара Здружението на приватни аптеки

    Светпред 16 часа

    Велики четврток, пред изгрејсонце вапсани првите велигденски јајца!

    Магазинпред 1 ден

    Кога мислите нè мамат – 4 начини на размислување што ни прават штета

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Македонијапред 4 недели

    Раководител од Општина Маврово и Ростуше фатен при примање поткуп од 13.000 евра

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Рецептипред 2 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена