Гостивар
Извршителите лани наплатиле 3,7 милиони евра од должници на подрачјето на Гостивар и Кичево

На подрачјето кое го покриваат Основните судови Гостивар и Кичево, извршителите минатата година наплатиле 3,7 милиони евра од должници – граѓани, фирми и други должници. Податокот е објавен во годишниот извештај на Комората на извршители, каде се наведува дека во овој регион лани е реализирана 7,2% од наплатата. Во 2017-та реализацијата била 9,5%, додека во 2016-та година – 12,9%.
Во извештајот стои дека на подрачјето му требаат уште пет извршители. Актуелно оваа работа ја работат пет, а според правилникот за распоред предвидени се вкупно 10.
На државно ниво, извршителите наплатиле скоро 127 милиони евра. Според структура на должници, најмногу пари извлекле од должници правни лица, поточно 78,7 милиони евра, потоа од граѓани – 33,4 милиони евра и од Република Македонија – околу 16 милиони евра.
До Комората на извршители во 2018 година биле доставени 255 претставки од странки против извршителите.
До Дисциплинската комисија при Комората биле доставени 10 Предлози за поведување на дисциплинска постапка, кои резултирале со пет решенија за парична казна, една писмена опомена, една јавна опомена, едно решение со кое се отфрла предлогот за поведување на дисциплинска постапка, едно решение со кое се изрекува трајно одземање на правото на вршење на должноста извршител и едно решение со кое се изрекува привремено одземање на правото на вршење на должноста извршител во траење од 6 месеци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите