Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Јадете го често! Ова овошје ги „убива“ холестеролот и бактериите

Објавено

на

    Добро е познато дека храната што ја јадеме има големо влијание врз здравјето на нашиот организам и дека треба да бидеме внимателни во поглед на она што го внесуваме во себе. Одредени намирници го намалуваат ризикот по здравјето, додека други може да имаат спротивен ефект, односно да бидат опасни.

    Овошјето е препорачливо да се конзумира секојдневно, бидејќи спаѓа во групата на здрава храна,  полна со витамини и растителни влакна. Еднен таков вид овошје е црвеното грозје, на чии позитивни страни ќе потсетиме во овој текст.

    Според научничката Алекс Руани од Универзитетот во Лондон, црвеното грозје може да помогне во намалувањето на холестеролот и воспалението и да го зајакне имунитетот. Во интервју за „Тајмс“, Руани објаснува дека црвеното грозје е богато со полифеноли.

    „Тоа се антиоксидантни растителни соединенија. Црвеното грозје содржи еден вид антоцијани, син пигмент за кој е докажано дека помага за здравјето на мозокот, како и ресвератрол, за кој се покажа дека има антиинфламаторни и анти-старечки ефекти“, рече таа.

    Кожичката и семките од црвено грозје се богати и со други антиоксиданси, вклучувајќи катехини и епикатехини, за кои е познато дека го намалуваат оксидативниот стрес во телото.

    „Детална студија од 2023 година покажа дека јадењето три порции грозје од 80 грама дневно во текот на две недели го зголемува нивото на корисни бактерии и ги намалува потенцијално штетните. Ова значи дека грозјето промовира поздрав цревен микробиом, кој е поврзан со подобрено варење, посилен имунитет и го намалува воспалението“, рече таа.

    Истата студија покажа дека грозјето го намалува нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, поради количината на влакна што ги содржи.

    Имајќи го предвид горенаведеното, црвеното грозје може да биде одличен избор за превенција на метаболички нарушувања поврзани со оксидативен стрес, но и за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања поврзани со холестеролот, особено кај возрасните со хиперлипидемија.

     

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 12 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена