Здравје и убавина
Јадете ореви, ги чуваат срцето и мозокот!

Кога помислувате на ореви, првото нешто што ви паѓа на памет сигурно е дека тие се состојка во колачи и торти, но тие се и идеална закуска или додаток на салати, варен зеленчук или хумус.
Вредноста на оревите сигурно не треба да се потценува. Покрај тоа што се вкусни, тие се полни со хранливи материи, па затоа вреди да се додадат во вашето мени.
Седум јаткасти плодови содржат 18 грама здрави масти, четири грама протеини, два грама влакна, скоро 50 проценти од препорачаната дневна доза на манган, како и помали количини на магнезиум, железо, калциум и витамини од групата Б.
Многу истражувања имаат покажано дека оревите го подобруваат здравјето на дигестивниот тракт и срцето.
Едно од истражувањата што било направено врз возрасни лица со прекумерна тежина, покажало дека нивниот крвен притисок и холестерол се намалиле поради потрошувачката на ореви.
Ова не е прв пат оревите да се поврзат со здравствени придобивки. Конзумирањето ореви редовно може да го намали ризикот од дебелина и срцеви заболувања, бидејќи тие можат да активираат регион на мозокот што вклучува контрола на апетитот.
Оревите придонесуваат и за здравјето на мозокот, а по својата форма личат на овој комплексен орган, задолжен за бројни функции во нашето тело.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар