Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Јагликата е вистинска ризница на здравје – делува против кашлица, несоница, мигрена, костобол…

Објавено

на

Јагликата, латински Primula veris е недоволно позната и искористена, но многу корисна билка, за чии лекотиви својства вреди да се информирате и да почнете да ја употребувате. Јагликата е еден од првите весници на пролетта. При берење важно е да ги  берете целите цветови со дршката, исклучиво на сончево и суво време.

Во древната медицина била користена за лечење на болни грчеви, ревматски болки, вкочанетост. Денес веќе се признати и други благотворни дејства, за лекување кашлица,  белодробни заболувања, подобрување на крвната слика.

Коренот од јагликата делува смирувачки и може да се употребува како средство за намалување на главоболка, нервоза, несоница, вртоглавица. Во извесна мера, дури помага и во ублажување на мигрената, проблем за кој луѓето тешко наоѓаат решение.

Цветовите се користат за тегоби со бубрезите, за нивно прочистување и нормализирање на функционирањето.

Јагликата содржи натриум, витамин Ц, калциум, каротен, сапонин кој е главна состојка на аспиринот, па оттаму доаѓаат и антивоспалителните својства. Единствена напомена е дека не се препорачува на трудници и доилки, заради сапонинот, кој може да предизвика несакани последици за бременоста.

Чајот од оваа билка се подготвува исто како и било кој друг чај. Исушените цветови, кои имаат сладок вкус, може да ги додавате во соодветни јадења.

Сируп од јаглика може да си направите на следниот начин: 50 гр. светови од јаглика ги прелевате со литро врела вода. Оставате да се излади, а потоа додавате 100 гр.мед и убаво ја мешате смесата.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена