Гостивар
Јакупи: Во модуларната болница имаме 12 пациенти, трагедијата во Тетово ги вознемири, но немаше паника

„Трагичниот пожар во Тетово се разбира дека ги вознемири и уплаши пациентите во нашиот модуларен центар, но не се создаде некоја сериозна паника. Бев дежурен таа вечер. Никој не побара да биде префрлен на друго одделение или да го напушти ковид центарот. Ние правиме се‘ што е во наши можности да им покажаме на хоспитализираните дека тие тука се безбедни и згрижени и во смисла на медицинскиот персонал и објектот. Објектот е добро испланиран, има три влеза, широки прозорци и врати, прозорците се поставени ниско. Како болница секогаш сме имале и имаме доволно средства за дезинфекција, скафандери, заштитни мантили и друга опрема, лекови, доволно кислород и во тој поглед сме биле во секој момент покриени. “ рече денес директорот на гостиварската општа болница, Јакуп Јакупи запрашан дали трагедијата во соседниот град се одрази врз пациентите кои се лекуваат во модуларната болница во Гостивар, со оглед дека се работи за објект од ист тип.
Во модуларниот ковид центар во Гостивар на лекување се 12 пациенти. „Половината ги третираме за постковидни компликации, останатите кои се со активен позитивен ковид статус добиваат повремена кислородна поддршка. Значи таму се згрижен пациенти во релативно добра општа состојба. “, информира Јакупи.
Кобната вечер кога изгоре ковид центарот во Тетово, гостиварската болница испратила три медицински тима на помош на колегите. Дополнително се направиле и подготовки во ковид одделенијата, за прием на пациенти од Тетово, но таква потреба немало.
Во однос на прашањето околу присуството на роднини во собите на хоспитализирани пациенти со ковид Јакупи рече:
„Посети на пациенти не се дозволени, а ако некој преку прозорец или на било кој друг начин влегол внатре, тоа е на негов сопствен ризик. Да, се случувало член на семејство да биде покрај пациент, но еве да кажам пример што лично сум го видел кога поради професионални обврски со соодветна заштитна облека, сум влегол во модуларната болница. Видов дека ќерка седи со пациент, со својата мајка. Кога прашав како и зошто, тоа било така, затоа што и самата ќерка била позитивна, но со благи симптоми во добра состојба, па помагала на мајката. При тоа, секако исклучиво во соодветна заштитна облека.“
Директорот додаде дека модуларната болниц и инфективното одделение се обезбедуваат во координација со Одделението за внатрешни работи Гостивар со кои се во секојдневна комуникација, а полицајци патролираат и преку ден и навечер.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград