Македонија
Јаневска: Наставниците нема да бидат заборавени, со сигурност ќе добијат повисоки плати

Повисоки плати за наставниците ќе има кога ќе се создадат буџетски услови за тоа, а Министерството за образование и наука бара од нив и оваа учебна година да продолжат да придонесуваат за знаењето на учениците. Министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека како наставник точно ги знае проблемите и предизвиците со кои се соочуваат наставниците.
„Верувам дека наставниците знаат и се длабоко убедени дека ако некој сака тие да имаат подобар стандард, тоа сме јас како министер и нашата Влада. Јас не сакам да им се покачи платата 3%, сакам да им се покачи платата 30% уште утре, кога тоа би било можно. Она што го наследивме во Буџетот на МОН е цел едногодишен буџет истрошен за половина година. Необезбедени плати за наставници, за професори, неисплатена помош на ученици, неисплатени стипендии на студенти, неисплатени превози за училиштата, кон општините, необезбедени учебници за повеќе години и за повеќе предмети, неисплатени обврски за лиценци Фулбрајт, ПИСА и кон други странски партнери, студентски домови во распад, ученички домови во распад“, посочи Јаневска.
Таа ги замоли наставниците да постапуваат со онаа пасија како кога се запишале на факултетот, како кога ја посакале таа професија, и да ја реализираат оваа учебна година со нивната волја и желба, за да придонесат за знаењето на учениците и за напредокот на државата.
„Она што им следува на наставниците, тие ќе го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи. Јас како министер грчевито ќе се борам на Влада, тоа да биде што е можно повеќе“, рече Јаневска.
Рече дека МОН е секогаш отворено за разговори со синдикатите, но во момент кога државата била во слободен пад што новата Влада се обидува да го запре, наставниците треба да имаат верба во Владата и во министерката за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог