Македонија
Јаневска: Врз основа на забелешките на наставниците и родителите, БРО ќе подготви нова наставна програма

Во учебната 2024-2025 година седмоодделенците ќе учат по истата наставна програма по која учеа и тие во 2023-2024 затоа што се одложува концепцијата за последната третина од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение). Наместо споени предмети, како што предвидуваше наставната програма по новата концепција, одвоени ќе бидат предметите Историја, Географија, Етика, Граѓанско општество…
-Поради огромно незадоволство и жалби на родители и наставници дека не им е блиска концепцијата и како се применува, одлучивме дека дел од концепцијата треба да се промени и одлучивме да го задржиме она што наставниците и учениците сметаат дека е добро, а да направиме измени каде што сметаме дека не е добро, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма.
Ќе останат изборните предмети од кои има задоволство, рече, како што е на пример Медиумска писменост. Рече дека преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ и пропуштени резултати во учењето и на состаноци со БРО ја утврдиле целта: „да не направиме штета на децата односно да овозможиме континуитет во учењето“.
-Со БРО утврдивме дека нема значителни разлики во наставана програма по која ќе учат. Оваа година ќе ја поминеме така, следната година БРО почнува со нова наставна програма која се базира на забелешки на наставниците и родителите, за што на сајтот на МОН е отворена јавна расправа за тоа што не им се допаѓа или сметаат дека предизвикува тешкотии, за од септември да можеме да правиме програма што ќе дава резултати, рече Јаневска.
Континуирано ќе има, рече, и програма за осмо одделение со јавна расправа, а потоа и за деветто одделение. -И тоа да го оставиме десет години за да ги видиме резултатите од тоа што се имплементира, додаде Јаневска. Притоа соопшти дека на денот на преземање на функцијата ниту еден учебник за седмо одделение по новата концепција не бил даден на печатење иако МОН соопштувало дека сите учебници ќе стигнат на 1 септември.
За дигитализацијата на учебниците рече ќе продолжи „но тоа ќе биде добро испланирано“. За дигитални учебници од прво до трето одделение ќе се консултираат стручни лица зашто се работи за мали деца на кои, рече таа, треба да им се развива моториката, нивната концентрација да пишуваат и читаат, а за горните одделенија ќе зависи од буџетските можности.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог