Поврзи се со нас

Вести

Јапонија најави историски пресврт, планира масовна мобилизација

Објавено

на

Јапонија најави историски пресврт во безбедносната политика, со планови за масовна мобилизација и удвојување на воениот буџет поради растечките амбиции на Кина и Северна Кореја во регионот. Ревидираната безбедносна стратегија објавена во владиниот документ од премиерот Фуми Кишида, е отстапување од пацифистичката безбедносна доктрина по Втората светска војна, што и беше наметната на Јапонија од страна на САД.

Буџетот за одбрана речиси ќе се удвои во следните пет години, на два проценти од БДП, што ќе го направи трет по големина во светот, по оној на САД и на Кина. Јапонија смета дека денешните безбедносни околности се „најсериозни и најкомплицирани“ од Втората светска војна.

Военото присуство на Кина во регионот претставува „најголем стратешки предизвик“, се наведува во документот, што соодветстува на ставовите на сојузничките САД. Јапонија стравува дека еден ден Кина би можела да го нападне Тајван, исто како што Русија ја нападна Украина, пренесува агенцијата ДПА.

Официјален Токио е загрижен и од присуството кинески бродови во близина на архипелагот Сенкаку во Источното Кинеско Море. Јапонија го контролира тој архипелаг, но истиот го присвојуваат и Кина и Тајван.

Со „давање јасна, недвосмислена стратешка изјава за улогата на Јапонија како гарант за безбедноста во Индо-Пацификот“, Кишида започна „нова ера во одбраната на демократијата“, оцени денеска американскиот амбасадор Рам Емануел.

Сепак, Јапонија се уште се залага за придржување до политика „единствено насочена кон самоодбрана“, со забелешка дека нема намера да стане воена сила.

Токио денеска објави план за враќање кон нуклеарната енергија што постепено беше напуштена по инцидентот во нуклеарката Фукушима во 2011 година, како одговор на растот на цените на енергeнсите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена