Рецепти
Јапонски колач со само 3 состојки, најмекиот десерт што го полуде светот
Воздушест, превкусен, се топи во уста. Ова е токму ваков десерт, кој потекнува од Јапонија, а го освои светот. Се прави од само три состојки, но тајната е што подобро да ги изматите белките и многу внимателно и полека да ги мешате во претходно подготвената смеса.
Состојки:
3 јајца
120 гр. бело чоколадо
120 гр. крем сирење
Подготовка:
Најпрво растопете го чоколадото на пареа и додадете го крем сирењето. Тргнете ја смесата од пареата, додадете ги жолчките од јајцата и убаво измешајте. Белките изматете ги во друг сад. Кога ќе бидат убаво изматени постепено додавајте ги во смесата и мешајте. Калапот за печење обложете го со хартија за печење и во него ставете ја смесата.
Печете на 170 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.
Кога колачот ќе биде готов, исклучете ја рерната, но оставете го внатре уште 15 минути. Кога ќе го извадите од рерна, оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk