Гостивар
Јапонскиот Амбасадор во Гостивар на церемонија по повод донација и проекти

Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, придружуван од сопругата, денеска беше во посета на Гостивар и во Општата болница присуствуваше на церемонија по повод затворањето на проект во рамките на Јапонската програма за мали проекти (GGP), заедно со директорот на болницата, Јакуп Јакупи и градоначалникот, Арбен Таравари.
Настанот беше организиран во знак на благодарност за донацијата од медицинска апаратура во вредност од над 60.600 евра.
„Драго ми е дека во текот на минатата година со донираниот дигитален рентген апарат беа извршени 8.000 прегледи на пациенти, скоро половина од вкупниот број пациенти прегледи на радиологија во Гостивар. Со оваа донација Јапонија помогна да се пружи итна медицинска помош и рентген на белите дробови на пациентите со ковид-19, бидејќи болницата беше и регионален ковид центар за над 150.000 пациенти. Од 2021-ва година ковид 19 е меѓу главните причини за морталитет во Северна Македонија, па јапонскиот народ е горд што помага граѓаните да имаат подобри здравствени услуги. Тоа го правиме во рамки на Јапонската програма за мали грантови. Од 1996-та година Јапонија поддржува проекти во здравство, образование и животна средина. Досегашната јапонска поддршка е во вкупна вредност од 8,5 милиони евра за 151 проект, од кои пет во Општина Гостивар во вредност од 233.000 евра.“, изјави Амбасадорот.
Преку јапонска донација Одделот за радиологија доби нов современ дигитален печатач за радиографија, со што се зголеми квалитетот на работата.
„Донацијата ја добивме пред година и половина, токму кога беше најпотребно, апаратот ни излезе многу во пресрет и ние успешно го употребувавме. Поради ограничувањата од пандемијата не можевме да одбележиме настан за донацијата и затоа го правиме ова денес. Благодарни сме на Амбасадорот и на јапонскиот народ за донацијата, ќе продолжиме да го употребуваме за да пружаме добра услуга на пациентите“, рече Јакупи, кој на Амбасадорот Савада му врачи Благодарница и симболичен подарок.
Градоначалникот потсети дека Јапонската Амбасада поддржала и други проекти на гостиварското подрачје.
„Се работи за три проекти кои се помогнати од Јапонската Амбасада. Еден објект во Вруток кој го користат планинарските друштва, медицински апарат во Здравствениот дом во Чегране и рентген апарат за болницата, еден од најдобрите кои постојат во установата, а е дониран после потпишувањето на Меморандум со Општината. Сакам да им се заблагодарам на Амбасадорот и јапонскиот народ и во оваа прилика да ги спомнам карактеристиките кои го краста оовј народ, а тоа се пријателството и алтруизмот“, рече Таравари.
Денешната посетата на Гостивар Амбасадорот Савада ја почна од општината, со средба во градоначалничкиот кабинет.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!