Поврзи се со нас

Гостивар

Јапонскиот Амбасадор во Гостивар на церемонија по повод донација и проекти

Објавено

на

Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, придружуван од сопругата, денеска беше во посета на Гостивар и во Општата болница присуствуваше на церемонија по повод затворањето на проект во рамките на Јапонската програма за мали проекти (GGP), заедно со директорот на болницата, Јакуп Јакупи и градоначалникот, Арбен Таравари.

Настанот беше организиран во знак на благодарност за донацијата од медицинска апаратура во вредност од над 60.600 евра.

„Драго ми е дека во текот на минатата година со донираниот дигитален рентген апарат беа извршени 8.000 прегледи на пациенти, скоро половина од вкупниот број пациенти прегледи на радиологија во Гостивар. Со оваа донација Јапонија помогна да се пружи итна медицинска помош и рентген на белите дробови на пациентите со ковид-19, бидејќи болницата беше и регионален ковид центар за над 150.000 пациенти. Од 2021-ва година ковид 19 е меѓу главните причини за морталитет во Северна Македонија, па јапонскиот народ е горд што помага граѓаните да имаат подобри здравствени услуги. Тоа го правиме во рамки на Јапонската програма за мали грантови. Од 1996-та година Јапонија поддржува проекти во здравство, образование и животна средина. Досегашната јапонска поддршка е во вкупна вредност од 8,5 милиони евра за 151 проект, од кои пет во Општина Гостивар во вредност од 233.000 евра.“,  изјави Амбасадорот.

Преку јапонска донација Одделот за радиологија доби нов современ дигитален печатач за радиографија, со што се зголеми квалитетот на работата.

„Донацијата ја добивме пред година и половина, токму кога беше најпотребно, апаратот ни излезе многу во пресрет и ние успешно го употребувавме. Поради ограничувањата од пандемијата не можевме да одбележиме настан за донацијата и затоа го правиме ова денес. Благодарни сме на Амбасадорот и на јапонскиот народ за донацијата, ќе продолжиме да го употребуваме за да пружаме добра услуга на пациентите“, рече Јакупи, кој на Амбасадорот Савада му врачи Благодарница и симболичен подарок.

Градоначалникот потсети дека Јапонската Амбасада поддржала и други проекти на гостиварското подрачје.

„Се работи за три проекти кои се помогнати од Јапонската Амбасада. Еден објект во Вруток кој го користат планинарските друштва, медицински апарат во Здравствениот дом во Чегране и рентген апарат за болницата, еден од најдобрите кои постојат во установата, а е дониран после потпишувањето на Меморандум со Општината. Сакам да им се заблагодарам на Амбасадорот и јапонскиот народ и во оваа прилика да ги спомнам карактеристиките кои го краста оовј народ, а тоа се пријателството и алтруизмот“, рече Таравари.

Денешната посетата на Гостивар Амбасадорот Савада ја почна од општината, со средба во градоначалничкиот кабинет.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена