Поврзи се со нас

Вести

Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол

Објавено

на

Јапонската Влада е финансиски погодена од необичен проблем – младите луѓе не пијат доволно алкохол. Јапонија, заедно со неколку други земји во Азија, задржа строги ограничувања во текот на поголемиот дел од пандемијата, затворајќи ги јавните простори и намалувајќи ги работните часови за рестораните. Затоа, баровите во земјата и другите угостителски простории што продаваат алкохол се тешко погодени од ограничувањата за Ковид-19, кои предизвикуваат пад на продажбата – и на приходите од даноци за алкохол.

Владиното решение се нови начини да се поттикнат младите да пијат повеќе алкохол.

На кампањата „Саке вива!”, под раководство на Националната даночна агенција, ги поканува учесниците да поднесат идеи за тоа како да се „стимулира побарувачката кај младите“ за алкохол преку нови услуги, промоции, производи, дизајни, па дури и  користејќи вештачка интелигенција или метаверс, според официјална страница на натпреварот. Победникот ќе добие поддршка за комерцијализација на неговиот план.

Но, не сите го поддржуваат тоа, бидејќи конкуренцијата и даночната агенција добиваат критики од сѐ повеќе луѓе на интернет и во јавноста.

Јапонија ја укина вонредната состојба во октомври 2021 година, дозволувајќи им на рестораните повторно да продаваат алкохол и да останат отворени до подоцна, но во некои делови од земјата, ограничувањата останаа во сила до март годинава. Закрепнувањето на земјата оттогаш е побавно од очекуваното, попречено и од зголемената инфлација, економското влијание на војната во Украина, како и неодамнешните Ковид-бранови што доведоа до продолжени ограничувања.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена