Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Јапонско јаболко – за здрави црева и црн дроб, регулирање на крвен притисок…

Објавено

на

Јапонското јаболко е растение по потекло од Јапонија, во форма наликува на домат, додека бојата на плодот може да биде светло жолта до портокалова до потемно црвена. Плодовите имаат сладок вкус кој освежува и потсетува на мешавина од јаболка, кајсии и портокали и се највкусни во зимските месеци кога целосно се зрели и омекнати.

Ова овошје е полно со витамини (К, Ц, А), антиоксиданси кои му помагаат на имунолошкиот систем да функционира непречено, штитат од оксидативен стрес  и ги зајакнуваат крвните садови.

Катехините, силни антиоксиданси од групата флавоноиди исто така присутни во ова овошје покажуваат силно антимикробно и антиинфламаторно дејство, спречуваат инфекции, го намалуваат нивото на холестерол и ги зајакнуваат крвните садови.

Ниската содржина на натриум, јаглехидрати и масти го прави ова овошје со многу добри својства. Бакарот исто така присутен во ова овошје придонесува за добра апсорпција на железо, минерал кој е важен за синтезата на црвените крвни зрнца.

Јапонското јаболко е добро за варење

Редовната употреба на ова овошје, богато со диетални влакна (1 јаболко со средна големина содржи околу 6 грама влакна, што е дури 24% од препорачаната дневна доза) ќе ви помогне да го одржите доброто здравје на дигестивниот систем. Високата содржина на влакна ги придвижува цревата, овозможува нивно редовно празнење, ги детоксицира штетните материи од нив и помага во подобро варење на храната. Исто така тоа го намалува холестеролот и помага при запек, а го спречува и создавањето на хемороиди.

Ова овошје е и добар диуретик кој ќе му помогне на организмот да се ослободи од вишокот килограми и благотворно делува на работата и здравјето на бубрезите.

Ја зголемува отпорноста на организмот

Јапонското јаболко е одличен извор на витамин Ц (1 јаболко ќе задоволи над 20% од препорачаната дневна доза на овој витамин) што ќе го зајакне имунитетот, ќе не заштити од настинки, грип како и од разни воспаленија и инфекции на белите дробови.

Го штити видот

Зеаксантинот, антиоксиданс присутен во ова овошје, игра важна улога во одржувањето на доброто здравје на очите, го намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација. Јапонското јаболко содржи и значителни количини на витамин А, кој е неопходен за одржување на нормален вид, благотворно делува на ослабениот имунитет, ги штити мукозните мембрани на дишните органи и органите за варење.

Јапонското јаболко е добро за црниот дроб

Богатството на антиоксиданси во ова овошје ги отстранува штетните слободни радикали, го спречува оштетувањето на клетките, ги намалува ефектите на токсичните материи, а сето тоа резултира со добра детоксикација на организмот и здрав црн дроб.

Погодни се за луѓе со хипертензија

Јапонското јаболко има ниско ниво на натриум, така што може да се користи како дел од урамнотежена исхрана со ниска содржина на натриум за луѓе со хипертензија. Калиумот, кој го има во јапонското јаболко е одличен извор, го регулира крвниот притисок и го одржува срцето здраво.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена