Гостивар
ЈАВЕН ПОВИК за ослободување од плаќање за престој на деца на самохрани родители во ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар
Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ објавува јавен повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишани деца на самохрани родители во ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар.
Право на ослободување имаат деца од самохрани родители кои живеат на територијата на Општина Гостивар, чија плата е пониска од просечната месечна нето плата на ниво на државата или се невработени лица. Родителите кои ги исполнуваат условите треба да поднесат документи како лична карта, потврда за плата или невработеност, и изводи од родени или умрени.
Документацијата може да се достави преку електронска пошта [email protected], порака на Фејсбук страната на здружението, или лично на адреса ул. Никола Парапунов бр. 207-3, Гостивар. Пријавите се разгледуваат по принципот „Прв дојден, прв услужен“, а предност имаат социјално загрозените лица.
Повикот трае од 22.10.2024 до 12.11.2024.
Хуманитарното здружение на граѓани “др. Трајче Нешковски” Гостивар склучи меморандум за соработка со ЈУДГ “Детска Радост” Гостивар, со кој се обврзува да ја преземе обврската на заинтересираните родители кои ги исполнуваат условите во повикот за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишаните деца.
-
Гостиварпред 4 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград