Поврзи се со нас

Гостивар

Јавна дебата: Ризичните дрвја во гостиварскиот парк да се исечат и донираат на сиромашни семејства

Објавено

на

Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар, периодов интензивно работи на уредување на големиот градски парк, кастрење и сечење на дрвја, оплеменување со нови садници, поставување на осветлување на цветните оази и слично.

Од таму најавуваат дека деновиве ќе организираат јавна дебата за отстранување на неколку стари дрвја. Велат дека се работи за поголеми дрвја, што се исушени со надвиснати гранки и претставуваат ризик за граѓаните коишто поминуваат оттука. Надлежните процениле дека стеблата треба да се исечат за да се намали ризикот, но сакаат да го слушнат и ставот на граѓаните.

„Ќе имаме јавна дебата, ќе ги поканиме невладините организации и граѓаните да го искажат своето мислење. Тоа се стари, исушени дрвја кои навистина се голема опасност за минувачите.“, вели Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Целата иницијатива има и хуманитарен карактер. Претпријатието планира исечените дрвја да ги донира на социјално загрозени семејства од Гостивар за огрев. Се предвидува и празните површини да бидат разубавени со нови садници.

Освен во паркот, актуелно екипи на ЈП работат и на уредување на зелениот појас на булеварот „Браќа Ѓиновски“. Во план се и други проекти, а надлежните велат дека активностите на терен ќе траат се` додека има поволни временски услови.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 41 минута

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена