Гостивар
Јавното осветлување во Гостивар оди под концесија, дебата во Советот

На денешната седница на Соетот на Општина Гостивар беше усвоено предлог решение за избор на најповолна понуда за давање под концесија на јавното осветлување, тема која отвори дебата меѓу советниците. Претставник на локалната самоуправа образложи дека се работи за повторување на решението поради тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки го вратила предметот на повторно постапување и дека со давањето под концесија, јавното осветлување ќе се модернизира, а општината ќе заштеди околу 350.000 евра на годишно ниво.
„Ќе добиеме модерно јавно осветлување, операторот ќе инвестира во штедливи светилки со што помалку ќе се троши електрична енергија, а од наплатата општината ќе има 15% провизија. Заштедата за општината на годишно ниво би била околу 350.000 евра“, рече Башким Асани од општината.
Од советничката група на ДУИ, кои во гласањето беа воздржани, прашаа што конкретно компанијата ќе направи и дали има гаранција дека ќе обезбеди непрекинато јавно осветлување истакнувајќи дека во делови од градот и околните населени места често има проблеми. Советникот Лек Далипи од говорницата реагираше дека наведената фирма е речиси непозната и изрази сомнеж околу исполнувањето на нејзините обврски како концесионер.
„Малку информации може да се најдат за фирмата онлајн, јас се потрудив од свои контакти и дознав дека ја води електроинженер и дека во Струга добро ја врши работата. Но, сепак Гостивар е подалеку и не знаеме дали таа фирма што е од Струга ќе може во секое време да реагира овде во Гостивар, при потреба. Немаме информации ни колку вработени има.“, рече меѓу другото Далипи.
Со донесеното решение за избор на најповолна понуда, по истекот на роковите за жалба, градоначалникот се овластува да потпише договор за концесионерство со избраната компанија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава