Поврзи се со нас

Гостивар

Јетон од Гостивар, преживеан патник во автобуската несреќа: „Му благодарам на Господ што ме чувал“

Објавено

на

„Животот е многу краток, живејте го без стрес, опкружени со пријателите и семејството. Иако многу луѓе сметаат дека материјалното богатство е најважно за среќа, не е така. Животот е среќен кога делиме убави моменти со најблиските и само за тоа вреди да се живее.“

Ова е пораката на триесет и едногодишниот Јетон Исмаили од Гостивар, еден од преживеаните патници во страотната автобуска несреќа од 13 февруари, лани. Една година по трагедијата што ја стресе цела Македонија и пошироко, младиот гостиварец зборува за ужасното искуство, мислите кои во тие моменти му дошле во глава и хуманоста на оние кои помагале да се извлечат повредените.

„Се качив во автобусот од Скопје, како и секој ден, затоа што секојдневно патувам од Гостивар во Скопје на работа. Така беш со поголемиот дел од патниците, па меѓу нас постоеше дружба и блискост. Се` беше вообичаено, некако сите беа насмеани, да речам позитивни. Седнав на седиштето и нешто гледав, пишував на мобилниот телефон. Автобусот тргна накај Гостивар, јас бев задлабочен во телефонот кога одеднаш слушнав вриштење, пискање и се прашав „што се случува“. Го пуштив телефонот и сакав да станам да видам што се случува, кога во тој момент од десната страна нешто силно удри во мене. Дали беше ќовек, дали беше некое столче, не знам ни самиот. Тука ми се изгуби свеста и веројатно сум бил во таква состојба некои 40-тина минути. Кога се присвестив, автобусот веќе беше паднат долу, не можев да гледам, пред очи ми беше се` затемнето. Сфатив дека сме имале страшна несреќа. Тоа беа многу тешки моменти. Слушав гласови како кажуваат дека има многу починати, повредени, а некого не може ни да го најдат. Немав сила, дури не можев ни да повикам помош. Сепак, во еден момент некако ми се врати силата и со ногата удрив едно железо. Ме слушнаа и први дотрчаа неколку жители на Ласкарци, ме најдоа заглавен и се обидоа да ме извадат, но немаа алатки, па повикаа пожарникари. Сега ги знам и нивните имиња, тоа беа пожарникарите од Тетово Фариз Џемаили и Ука Алити кои ги исекоа железата и успејаа да ме извлечат“, раскажува Јетон.

Откако бил изваден од автобусот, веднаш со амбулантно возило бил пренесен во болница. „Додека ме носеа накај болница, ми дојдоа мисли на моите дома, на моето семејство, си реков сигурно многу се грижат. Го извадив телефонот и видов дека сум добил многу пораки и повици. Имав толку сила да напишам некоја порака дека сум добро, дека сме имале мала несреќа, затоа што не сакав да ги испаничам и загрижам премногу.“, вели гостиварецот.

Јетон имал повеќе повреди и во болница го лекувале околу две недели.

„Му благодарам на Господ што ме чувал и ете јас денеска сум жив и здрав, можам да бидам заедно со семејството, сопругата, мојата тригодишна ќерка“, рече тој за крај.

Несреќа на патот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарци однесе 16 човечки животи. Утре се навршува една година од трагичниот настан.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 2 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена