Поврзи се со нас

Вести

ЈКП Маврово поставува Еко магацини за електронски и електричен отпад

Објавено

на

На територијата на општина Маврово и Ростуше започна проект за собирање на отпадна електрична и електронска опрема. Јавното комунално претпријатие „Маврово“ веќе постави два Еко магацини, кои се наменети за отпад како стари телевизори, фрижидери, машини за перење и слично. Целта на проектот е намалување на цврстиот отпад за собирање и депонирање како и намалување на трошоците на претпријатието.

„Увидовме дека во контејнерите за комунален смет граѓаните многу оставаат електронски и електричен отпад, па дојдовме на идеја да се обезбедат посебни места за таа намена. Моментално ваков вид на магацини се поставени на две локации: во дворот на нашето претпријатие и во дворот на општинската зграда во Ростуше. Во училиштата пак, се поставени посебни корпи за собирање на отпад од помала опрема како телефони, таблети и слично.“, вели Александра Матеска, в.д директор на ЈПК Маврово потенцирајќи дека, доколку граѓаните не се во можност сами да ги носат апаратите до магацините, може да го известат претпријатието, кое ќе изврши транспорт.

Во текот на месец јули, кога поголемиот дел од печалбарите ќе бидат вратени во своите родни села, планирано е да се спроведе акција во која граѓаните ќе ги изнесат апаратите и опремата кои не им требаат, а екипи на претпријатието ќе го собираат отпадот од пред куќите.

Во септември ќе се организира едукација и активности преку кои учениците и жителите ќе се поттикнуваат да го селектираат електричниот и електронскиот отпад.

Проектот се спроведува во соработка со компанијата Елколект од Скопје и општина Маврово и Ростуше.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 19 минути

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 2 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 6 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 6 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 18 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 19 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 21 час

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 22 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена