Поврзи се со нас

Гостивар

Јончевски и Костоски: Веруваме дека може да го подигнеме пехарот во недела

Објавено

на

Денеска во СЦ Кале во Скопје се одржа заедничка прес-конференција на сите учесници, во пресрет на Купот на Македонија што од 14-16 мај (петок – недела) ќе се одржи во Скопје.

На прес конференцијата присуствуваа тренерите и капитените на сите 8 екипи. Јончевски и Костоски од КК Гостивар, оптимисти пред финалниот турнир.

„Ја поздравувам идејата и одлуката овој Куп да прерасне во традиција со ликот на Благоја Георгиевски Буштур. Директорот кажа дека е чест да се носи тоа име, но претставува и обврска за сите нас да прикажеме добра игра. Се работи за специфично натпреварување. Тука предност ќе дадам на оние екипи кои имаат поширока клупа и на оние кои имаат македонски играчи во своите состави. Ги издвојувам МЗТ со шест репрезентативци, но не сакам да ги исклучам и играчите на Гостивар кои се поранешни репрезентативци, кои верувам дека не го кажале последниот збор. Нормално се подготвуваме за Еуро Никел, немавме многу време за тоа од одигрување на последниот важен натпревар кој одлучуваше распоред на табела, но што е тука е. Веруваме дека, можеме да направиме добар резултат, добра игра и секако пехар. Ќе биде тешко, но Гостивар во оваа сезона победи кој било противник така што со право веруваме дека можеме да го кренеме пехарот во недела“, истакна шефот на стручен штаб на гостиварци, Александар Јончевски.

„Околу натпреварот против Еуро Никел, имавме веќе две победи против нив во регуларниот дел, но искуствата во Купот велат нешто друго. Посветуваме повеќе време на детали овој период, детали кои ќе ни бидат важни на натпреварот. Се надевам на добра игра, да ги дочекаме и сабота и недела“, рече Александар Костоски.

Купот кој ќе се одржи во салата на СРЦ Кале во Скопје, од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“, во чест на покојната македонска кошаркарска легенда.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена