Спорт
Јончевски: Колку ние не ги посакувавме нив, толку и МЗТ не нè посакуваа во четвртфинале

Од петок до недела (18 до 20 февруари) во СРЦ „Кале“ осум екипи од најелитното кошаркарско натпреварување тргнуваат по Куп-трофејот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Екипата на Гостивар за противник во четвртфиналната пресметка го има бранителот на трофејот екипата на МЗТ Скопје. Иако „штрковите“ важат за едни од најголемите фаворити за освојување на овој трофеј, тренерот на гостиварци, Александар Јончевски на денешниот официјален прес порача дека очекува квалитетен натпревар во кој победникот ќе знае само по завршување на натпреварот.
„Им посакувам на сите успешна и квалитетна игра, без повреди. Како противник уште во четвртфиналето го добивме МЗТ, можеби најнепосакуваниот тим затоа што во моментов е најквалитетна екипа со шест актуелни репрезентативци во составот и четири квалитетни странци и така несомнено е најголем фаворит во Купот. Меѓутоа колку и ние не ги посакувавме нив, мислам дека и тие не нè посакуваа во четвртфинале. Ќе се обидеме да ги изненадиме и да донесеме радост во Гостивар. Се подготвивме доволно, без разлика што имавме два меча во последните три дена. Имавме поголема прилика да го следиме противникот и во АБА 2 лигата. Ни одговара екипа која игра систем-игра, за разлика од другите побрзи екипи кои се базираат на транзиција и на трчање. Верувам дека овој дуел ќе биде квалитетен и нека победи подобриот“ – смета Александар Јончевски, шефот на стручниот штаб на Гостивар.
30-тото јубилејно издание на кошаркарскиот КУП кое од пред две години го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“ започнува во петок со четвртфиналните пресметки:
12.00: Пелистер – ТФТ (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2)
17.00: Работнички – Феникс 2010 (3)
19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4)
За сабота се закажани полуфиналните, додека во недела ќе се игра големото финале.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите