Поврзи се со нас

Вести

Јосиф, момчето со ретка болест и големо срце – внесе радост во Дневниот Центар

Објавено

на

 

Дваесет и седумгодишниот Јосиф Мишевски од гостиварско Тумчевиште, момче кое води битка со ретка болест, реши да внесе радост и топлина во Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Гостивар. Јосиф денес ги посети дечињата згрижени во установата и им подели новогодишни подароци.

Тој е дипломиран фармацевт, но се уште невработен. И покрај тоа се потрудил да го разубави секојдневието на децата и да придонесе за повесела предновогодишна атмосфера.

„Пред се потребно е да се има желба за нешто да се направи, не е важно дали си вработен или не. Се разбира во одреден сегмент финансиите играат клучна улога, но јас изразив воља, љубов, и вложив труд и крајниот резултат беше повеќе од очекуваиот. Изминативе три месеци преку проект на ЕУ бев вклучен како практикант во една фармацевтска компанија од страна на Агенцијата за вработување на Македонија и добивав месечен износ од 5.000 денари. Со дел од парите покривав патни трошоци, а со престанатиот дел долго време размислував што да направам, а тоа да биде корисно и хумано. Се консултитарав со моите најблиски кои беа позитивно изненадени, дури дел од нив од се срце се вклучија и помогнаа за мојата замислена идеја да стане реалност. Во Дневниот Центар, на самиот влез од просторијата се слушна детскиот џагор од децата, ме пречекаа околу 15 –тина деца од различна возраст. Во рацете ги држев поклоните, а тие љубопитно гледаа. Почнав да ги подарувам на секое детенце поединечно, а тие беа пријатни, мили и со сјај во нивните очи. Нивните насмевки ми го стоплија срцето. Можеби јас за момент ги направив среќни, но верувајте тие мене ме направија уште посреќен.“, вели Јосиф.

Момчето, според неофицијалниот регистар е единствениот со болеста ихтиоза во Македонија – ретка болест на кожата. Скромен по природа, едуциран и активен во неколку здруженија на лица со ретки болести, Јосиф со нас ги сподели своите желби за 2018-та година. „За жал се уште талкам од врата на врата, со цел да го искажам мојот проблем, кој веќе е очигледен, да се помолам и да побарам помош, се уште верувајќи во хуманоста и човечноста на луѓето. Но за жал се што добивам е само тапкање по рамо, еден куп зборови и ”ветувања”. Се надевам конечно дека мал зрак на надеж и светлина ќе засветат. Со оглед на тоа дека лек за мојата болест во моментов не постои и тоа е факт, а терапијата која ја користам е симпотамтска. Посакувам во новата година надлежните институции – кои се запознаени и засегнати со мојот проблем конечно да изнајдат решение за мое стапување во работен однос, согласно мојот образовен профил и квалификации кои ги поседувам. Ова што го барам НЕ Е НЕВОЗМОЖНО, напротив истото е ВОЗМОЖНО.  Основните човекови права не треба да бидат нарушени, јас не побарав да бидам товар на општеството, напротив да бидам корисен и да допринесувам за истото. На самиот крај лицата со ретки болести и лицата со посебни потреби континуирано и навремено да ја добиваат нивната терапија. Да нема повеќе доцнење и истата да биде безбедна, ефикасна и квалитетна. Сите да бидеме живи, здрави и среќни“, нагласи Јосиф порачувајќи: Не е важно колку и што ќе дадете. Важно е тоа да биде дадено пред се од се срце и се разбира со многу љубов. Бидејќи среќата и љубовта не се купуваат со пари! Направете некого среќен! 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена