Поврзи се со нас

Гостивар

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

Објавено

на

  • English

Овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025 се гостиварците Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, објави утрово Месната заедница Галичник!

„Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата.“, се вели во објавата

Од Месната заедница наведуваат дека зетот и невестата не се само млад пар – туку се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост.

„Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник. Манукот ја носи гордоста на претците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник. Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее. Да се ќердосает, од небо да им врне од земја да им никне!“, стои во известието од МЗ.

Галичката свадба се одржува од 11 до 13 јули.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 4 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 6 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 8 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 10 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 1 година

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена