Поврзи се со нас

Гостивар

ЈП „Русино“ со блокирана сметка-Ризик од нов хаос со ѓубрето во Гостивар и Полог

Објавено

на

Жиро сметката на регионалното Јавно претпријатие „Русино-Полог“ е блокирана, со што се доведува во прашање тековното одржување на депонијата, каде отпад носат деветте полошки општини. Ќе се дави ли Полог повторно во смрдеа и чад како пред неколку години кога состојбата на Русино ескалираше и граѓаните со блокади не дозволуваа да се одложува сметот таму?

ЈП не може да ги подмири долговите кон фирмата оператор, ангажирана за одржување на депонијата, поради што остана со блокирана сметка. Сето тоа е резултат на неплаќањето за депонирање отпад на Русино, од страна на општинските комунални претпријатија.

До 300 тони отпад секојдневно треба да се истретира на депонијата, а оние кои го трупаат тешко „одврзуваат ќесе“.

„Сметката ни е блокирана овој месец поради фирмата оператор, имаме голем долг од околу 4 милиони денари. Проблемот лежи во тоа што ние имаме многу ниска наплата, значи комуналните претпријатија на полошките општини многу доцнат со плаќањето на нивните обврски. Вкупниот долг надминува над 11 милиони денари. Најголеми должници се Комуналните претпријатија Гостивар, Тетово, Желино и Јегуновце.“, изјави директорот на ЈП „Русино-Полог“, Бесим Догани.

Ако нема пари за тековно одржување на депонијата, ќе се појават бројни еколошки проблеми.

„Пред да се блокира жиро сметката, ние поради недостиг на финансиски средства не бевме во можност да извршиме покривање на донесениот отпад, туку само го распределувавме по депонијата за да отвориме простор за нов. Непокриениот отпад носи опасност од појава на пожари, ширење лоша миризба, токсични гасови, прелевање на отпадни води и фактички зголемува можност за еколошки штети врз околината. Откако ни е блокирана сметката значително е полошо, не можеме да ги исплаќаме ни најобичните дневни трошоци. Позитивно е што до сега изменаџиравме да го задржиме операторот, луѓето и тековните работи да течат, депонијата работи со предвиденото работно време до 19 часот, има 24 часовен надзор со човек во ноќна смена…Но овој простор се стеснува, нема да можеме да ги извршуваме и најобичните работи, се плашам дека ќе дојдеме до ситуација да не бидеме во можност да ги плаќаме вработените и тие да ја остават работата“, подвлече Догани.

Вкупниот трошок за депонијата Русино со одржување, работници и дневни трошоци изнесува до 30.000 евра месечно.

Директорот вели дека за лошата состојба и проблемите редовно ги известуваат градоначалниците на полошките општини, како и Швајцарската Амбасада која е донатор на проектот за регионално депонирање и ги запознале со ризиците и опасностите од неплаќање на обврските, но за жал до сега позитивен ефект нема.

ЈП „Русино-Полог“ беше формирано во декември 2020-та година и со проблеми од слична природа се соочува од самиот почеток.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 7 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 9 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 11 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 12 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 13 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 13 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 14 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 16 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена