Поврзи се со нас

Гостивар

ЈП сака зонско паркирање и по „Беличица“ – полицијата утврдила дека нема законски услови

Објавено

на

Во Гостивар нема доволно места за паркирање на автомобилите и со години наназад постои потреба од проширување на капацитетот на паркиралиштата. Општината планира да гради катна гаража, по моделот јавно-приватно партнерство, за што неофицијално биле заинтересирани две фирми. Јавното претпријатие за паркинг и зеленило, пак сака да воведе зонски паркинг и на ул „Беличица“.

„Актуелно располагаме со околу 840 паркинг места со зонско паркирање и паркиралишта од затворен тип. Но, тие не ги задоволуваат потребите на граѓаните, кои секојдневно користат автомобили. Неопходно е да се обезбедат повеќе места за паркирање, за да не се создаваат гужви и неред во градскиот сообраќај“, изјави директорот на претпријатието, Беким Челебиу.

За да се воведе зонско паркирање на ул„Беличица“, неопходна е дозвола од полицијата. Во врска со ова, од СВР Тетово за Gostivarpress.mk, објаснуваат дека утврдиле дека нема законски услови за воведување на зонско паркирање на оваа улица.
„Полициски службеници на СВР Тетово од Одделението за полиција излегле на лице место и утврдиле дека не се исполнети законски предвидените услови за воведување на зонско паркирање на оваа улица, односно дека станува збор за таканаречена „собирна улица“ од примарната сообраќајна мрежа на која, согласно постоечкиот Правилник со кој се регулираат вакви прашања, не се дозволува никакво паркирање, вклучително и зонско паркирање.“, стои во одговорот на СВР.

До Секторот за внатрешни работи Тетово заклучно со денеска (8 ноември), не е поднесено официјално писмено барање за добивање согласност за зонско паркирање на улицата „Беличица“.  Во разговор со актуелното раководство на локалната самоуправа, остварен неодамна, било побарано  мислење околу тоа прашање.

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена