Поврзи се со нас

Гостивар

ЈП самостојно ќе менаџира со зонскиот паркинг во Гостивар, цените остануваат исти

Објавено

на

Со зонското паркирање во Гостивар отсега целосно ќе манаџира Јавното претпријатие за паркинзи, кое за таа цел го откупи соодветниот софтвер. За разлика од претходно, кога системот се манаџираше по принципот јавно-приватно партнерство, веќе нема потреба да се бара приватна фирма, како партнер за управување со системот. Од раководството велат дека тоа е голем чекор и ќе биде од значаен финансиски бенефит, со оглед дека сите пари од зонското паркирање ќе се слеваат во касата на претпријатието, а тие средства понатаму ќе се вложуваат во нови инвестиции и проекти.

„Новина во менаџирањето со зонскиот паркинг е што претпријатието веќе нема да зависи од некој концесионер. Го купивме софтверот и сите средства што ќе се соберат од користење на паркинг местата, ќе останат во претпријатието.  Што се однесува до цените за зонски паркинг, тие нема да се менуваат.“, информира Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Недостигот на паркинг-места во Гостивар е проблем кој постои децении. Немањето доволно паркинзи доведува до создавање на гужви во сообраќајот, особено во централното градско подрачје. Надлежните се надеваат дека тоа ќе се надмине со изградба на катни гаражи.

Во однос на воспоставување поголем ред во сообраќајот, секојдневно продолжуваат активностите на пајак-службата и полицијата за подигнување на непрописно паркирани возила.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена