Националната установа Конзерваторски центар во Гостивар го одбележа јубилејот-10 години од формирањето. Настанот, поради ковид пандемијата, се одржа на отворено, пред објектот на центарот, во присуство на вработените и претставници на Министерството за култура. Присутните на почетокот со едноминутно молчење им одадоа почит на сите жртви од ковид 19.
Конзерваторскиот центар една деценија ја води грижата за заштита и зачувување на културно-историското наследство на гостиварскиот регион.
„Мисијата што ни е доделена како установа е света, со оглед дека примарна цел ни е да го зачуваме културното и историското наследство. Зборуваме за објектите како Беговата куќа, Саат Кулата, куќите на Чако и Канчески, старите џамии и цркви, старата селска архитектура, недопрените археолошки локалитети на многу локации во околината. За овие 10 години завршивме многу работа, реализиравме бројни проекти и сето тоа немаше да биде можно без посветената работа на вработените, моите колеги, кон кои изразувам благодарност“, истакна Хирије Саити, директор на Конзерваторски центар.
Јубилејот го честиташе и заменик министерот за култура, Седат Сулејмани, уверувајќи дека Министертсвото и во иднина ќе ги поддржува во активностите..
„Чест и задоволство ми е што сум денес со вас, да ја одбележиме 10 годишнината од формирањето на Конзерваторскиот центар во Гостивар. Честитам за досегашната макотрпна работа во изнаоѓање на археолошките наоѓалишта, реставрација и санација на културните и верски објекти. Тоа бара многу работа и посветеност и вие тоа сте го направиле беспрекорно. Многу е важно на идните генерации да им покажаме факти и делови од минатото. Ви посакувам успех и понатаму, а Министерството за култура секогаш ќе ги поддржува вашите проекти“, рече Сулејмани.
На почетоците и првите проекти на Конзерваторскиот центар потсети еден од поранешните директори Аднан Фејзулаи. Тој нагласи дека предизвиците се исполнувале еден по еден, благодарение пред на тимската работа во колективот кој функционира како едно семејство.
На досегашните директори на установата им беа доделени плакети, додека на медиумите и новинарите благодарници. За добрата соработка и поддршката, благодарница доби и Gostivarpress.mk.
Одбележувањето на јубилејот се закоружи со изложба на фотографии од реализираните проекти на установата и видео презентација.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK